Политика за квалитет и животна средина

СИНПЕКС ДОО БИТОЛА е компанија која е целосно посветена на примената на квалитетот, заштитата и управувањето со животната средина како систем на работа. Овие принципи се од големо значење за компанијата и се применуваат на највисоко ниво. Главната цел на компанијата е да ги задоволи потребите и очекувањата на своите клиенти преку нудење квалитетни производи и услуги во областа на продажба и сервисирање на мопеди, мотоцикли, ATV возила и сродна опрема.

Системите за управување со квалитет и животна средина, согласно барањата на стандардите ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015, континуирано се надгледуваат и унапредуваат со цел да бидат исполнети Политиката и целите на компанијата. Високиот степен на овие системи претставува темел на работењето и постојаното унапредување на компанијата.

СИНПЕКС ДОО БИТОЛА изјавува дека:

  • Главната цел на раководството и целиот персонал е обезбедување квалитетни производи и услуги за своите клиенти, во согласност со сите нормативни барања.

  • Континуирано ќе го следи степенот на задоволство на клиентите и ќе ги проучува и исполнува нивните препораки, барања и рекламации, со цел истите да се користат за подобрување на производите и услугите.

  • Се грижи за долготрајна и квалитетна соработка со клиентите, добавувачите и подизведувачите, со цел обезбедување квалитетни производи и услуги.

  • Се стреми да одржува тим од висококвалификуван и мотивиран персонал и да обезбеди пријатна и креативна работна средина, при што секој извршител е свесен за важноста на своите активности во однос на задоволувањето на барањата на клиентите и просперитетот на компанијата.

  • Ќе се грижи за континуирана обука и едукација на вработените како основна поддршка на системите за управување со квалитет и животна средина.

  • Се обврзува на идентификација и примена на корективни и превентивни мерки за постојано унапредување на квалитетот на производите и услугите што ги нуди.

  • Применува процесен пристап кон создавање и одржување на системите за управување со квалитет и животна средина и за таа цел врши идентификација, планирање, воведување, контрола и континуирано подобрување на сите процеси кои имаат влијание врз квалитетот на производите и услугите.

  • Им гарантира на своите клиенти коректност и максимално исполнување на преземените обврски во договорените рокови.

  • Ќе се придржува кон рециклирање на отпадот и намалување на потрошувачката на енергија.

  • Ќе врши постојана контрола на своите процеси со цел обезбедување ефикасност на мерките за заштита на животната средина.